Сериозно размислувам да се кандидирам за лидер на СДСМ, изјави денеска Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на партијата.

– Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Сакам да се консултирам и со семејството. Сепак ги вовлекувам во ова. Сметам дека имам резултати и можам да понудам добар концепт. Не е лесна одлука, напротив е комплицирано време и треба да е со концепт и знаење, изјави Деспотовски.

Такво нешто вчера најави и поранешниот директор на УБК и поранешен организациски секретар на владеачката партија, Миле Зечевиќ. А кандидатури веќе поднесоа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и поранешната пратеничка и поранешна потпреседателка на СДСМ, Фросина Ременски.