На денешен ден е упокоен македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ Лешочки, за кого во 2022 година е извршена канонизација и беше прогласен за светец.
Св. Кирил Лешчки се упокоил на 24 март 1845 во тетовското село Лешок, тој е македонски писател и просветител, а од минатата година од МПЦ – ОА е прогласен за светец. Роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.
Своето образование го започнал во манастирската школа во црквата Света Пречиста Кичевска, а го продолжил во манастирот Света Гора. Од таму се вратил во Марковиот манастир, кај Скопје, каде што почнал да пишува.
Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот.
Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик.
Негови најпознати дела се Огледало, печатено во Будим, во 1816 година и Утешение грешним, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски.
Утре ќе се одржи црковна литургија по повод празникот Св. Кирил Лешочки, кој се одбележува од 2023 година откако во октомври 2022 година беше извршена канонизација и беше прогласен за светец.
На канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.
На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ за светител Кирил Лешочки.
Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизација.
За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба.
(Подготвил: Д. Г.)