Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој тогашната влада на Зоран Заев капитулираше пред грчките ултиматуми..
Со договорот, Република Македонија без никава консултација со народот го промени своето исконско и уставно име во Република Северна Македонија.
Договорот беше резултат на сериозен и невиден меѓународен притисок на кој потклекна Заев и антимакедонската екипа и по бедни неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ, се покажа употребната вредност на Заев и зошто истиот беше востоличен на власт без да победи на избори.
Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, македонската дилајла Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите, црпнатиот за таа потреба од нива Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.
Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. И ГРОМОГЛАСНО РЕКОА НЕ, но заевци ја извитопериај прикаската и не го послушаа гласот на народот.
Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Референдумот беше неуспешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи. Тоа го констатираше и ДИК. Заевци не го почитуваа резултатот.




