На церемонијата во Париз по повод 100 годишнината од крајот на Првата светска војна, на официјалната листа на гости на настанот, претседателот Ѓорге Иванов беше претставен како претседател на Република Македонија.

Во текот на изминатите речиси три децении, Франција, под притисок на Грција, никогаш не го користеше уставното име Република Македонија на мултилатарални меѓународни настани, а официјално земјaва ја признава и именува како Поранешна Југословенска Република Македонија.

Грција во Париз беше претставена од премиерот Алексис Ципрас.

Дипломатскиот преседан се случува во моменти кога Македонија го менува својот Устав за да го промени уставното име и една недела откако англиската кралица Елизабета при приемот на агреманите од македонската амбасадорка во Лондон земјава ја именуваше со уставното име.