Најзагаден град вечерва во Македонија е Струмица на Зоран Заев, за која тој се фалеше дека благодарение на неговите градоначалнички мандати е гасифицирана, што значи дека и градот и општината се еколошки чисти или барем ослободени од најголемиот загадувач – греењето на цврсто гориво.

Но, фактот што вечерва во Струмица се измерени 321 мг на метар кубен ПМ 10 честички покажува колку градоначалникот Заев го решил проблемот со неговиот град. Ете толку од него.

Не е подобра ситуацијата ни во другите градови. Така, во Куманово се измерени 254, а во Битола 206 милиграми на еден кубен метар.

И Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух. Во неколку скопски општини регистрирани се екстремно високи концентрации на ПМ 10 честички. Имено кај Ректорат се измерени206 милиграми на еден кубен метар, во Карпош 191, додека во Центар 171 милиграми на еден кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.