Газдата на 1 ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 попладневно бил уапсен.

Неофицијално, апсењето било на барање на обвинителството за организиран криминал, а Боки 13 бил упасен на  граничен премин за излез од Република Македонија.

Јавното обвинителство најави прес-конференција во врска со случајот. На пресот ќе се обрати Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Македонија и Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителката Русковска потврди дека Јовановски е задржан на граница, а повеќе детали ќе бидат соопштени на прес-конференцијата во ЈОРМ во 16:30 часот.