Фудбалер од Уганда почина по тепачки предизвикани од негова грешка на пријателски натпревар меѓу неговата и соперничката соседна екипа.

Черчил Оваци (22) бил убиен од неговите соиграчи.

Полицијата во Уганда потврди дека еден фудбалер починал по тепачките. Двајца негови соиграчи се осомничени за убиство и се во притвор.

Првата тепачка се случила по грешката на Оваци што му донела победа на противничкиот тим, во околното дерби. Тој настан не бил кобен, но по натпреварот, младиот човек сакајќи да се одмазди за ќотекот што ги добил, истуркал еден од напаѓачите со својот велосипед. Втората мешаница резултирала со смрт на несреќниот фудбалер.

Младиот човек бил пренесен в болница, каде што по неколку часа починал.