Маж од Велс 21 година не знаел дека не бил биолошкиот татко на неговите синови.

Ричард Мејсон (55) од Рос, северно од Велс, бил шокиран кога дознал дека неговата сопруга го измамила и дека неговите деца имале друг биолошки татко. Пред три години направил ДНК тест откако лекарите му кажале дека страда од цистична фиброза, поради која е неплоден целиот свој живот.

Неговата поранешна жена, со која се развел во 2006 година, му признала по порака.И покрај тоа што мислиш, многу ми е жал што ти предизвикав толку голем емотивен пресврт”, напишала таа.

Коосновачот на „MoneySupermarket.com“ не бил среќен што бил измамен и одлучил да ја тужи својата поранешна сопруга, а сега прифати вонсудската спогодба од 250.000 фунти.

„Не знаете што е вистина, а што не е – како да живеам во Матрикс. Некој ви кажува дека сè што знаете дека вистината, всушност не е вистина и никогаш не постоела. Вие не сте татко, не можете да имате деца, вашето име нема да продолжи, вели Ричард.

Мејсон повеќе не ги гледа двајцата „синови” кои го прекинале контакт со него. Станува збор за околу 19-годишни близнаци, додека третиот син, 23-годишниот, не дал примерок за ДНК-тестот, но бидејќи Мејсон е неплоден, тој заклучува дека и тој не е негов.

Мејсон во меѓувреме најде нова љубов, неговата втора сопруга, Ема.