Јас го читв извештајот од медиумите. Го немам добиено до ЈО или од МВР, ниту се должни да го достават до мене. МВР работи под ангажман на ЈО и таму го доставува извештајот. Како што реков уште во првиот момент, кога беа поднесени пставки, дека ќе чекаме извештајот да ги каже причините поради кои настанал пожарот. Ние денеска ги знаеме причините, сите други аспекти треба да се истражат, дел од аспектите можеби ќе дадат други информации, дел од аспектите можеби ќе бидат поука. Уште еднаш, зборуваме како што е насловот на самата постапка, кај нас, во Романија, во Австрија, модуларните болници се времени објекти, имаа за цел, во моментот, минатата пролет, да ги згрижат граѓаните да не чекаат по ходници, на паркинзи пред инфективните одделенија, и прво што направија го заменија шаторот пред Инфективната клиника. При самото нивно конструирање, тие не се замислени со вграден кислород, тие се градени без системи за кислород. Кога доаѓа третиот бран, тогаш се вградени системите за кислород и верувам тоа и е познато на јавноста. Но, јас зборувам за причините за оставките, тие беа од морален и политички апскет и причините за тоа како дадов одговор… севкупниот аспект на одговорноста што ја носиме сите… Јас го имам в предвид целокупиот ангажаман на Филипче и Хасани. Ако во сето тоа сум воочил некаква вина, јас и ќе го разберам моралниот и етичкиот аспект и ќе постапев поинаку… Сите сме свесни колку е присуството на кислород во ваквите објекти повеќе од вообичаено. Нормално е кога ќе се запали цевката од кислородот тој да биде уште поголем, сите сме свесни зошто тоа настанало. Не би навегувал во деталите понатаму, имајќи го в предвиди целоупниот нивен ангажан…

Ова е дел од изјавата на Зоран Заев како одговор на новинарско прашање во врска со извештајот за пожарот во монтажната болница во Тетово. Како што можете да забележите, Заев не крие дека монтажните болници не биле предвидени да бидат со вграден кислород, туку тоа е направено по почетокот на третиот бран, кога имавме по 35-40 отсто позитивни од заразените и меѓу 40 и 50 починати на ден. Тоа само по себе значи дека болниците се градени без запазување на потребните стандарди за прием на ковид пациенти.

Инаку, болнициата во Тетово е пуштен во работа во февруари 2021 година, а таа во Скопје во октомври 2020 година.