Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата, коментира на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откакко претходно Заев не ги прифати оставкита на Филипче и Хасани.

Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри.

Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати?

Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница?

Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата?

И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите.

Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора.

Како човек ми е тешко што главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат.