Повеќе од 2.120 мигранти пристигнаа на Канарските Острови во последните 24 часа во преполни бродови, соопшти Шпанската поморска служба за спасување.
„Канарските Острови повеќе не можат да издржат. Се соочуваме со невиден миграциски притисок“, напиша претседателот на регионалната влада, Фернандо Клавихо, на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека побарал итен состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Овие луѓе доаѓаат во Европа и не е фер што сами се соочуваме со драма од такви размери“, рече тој.
За време на опасното патување од Западна Африка, еден мигрант беше пронајден мртов во бродот, додека друг мигрантка се породи за време на патувањето, објави поморската служба за спасување.
Бројот на пристигнувања во еден ден го надмина претходниот рекорд од приближно 1.500 мигранти, регистриран пред две недели.




