Шпанскиот тенисер Рафаел Надал верува дека ќе биде сто отсто подготвен за Грен слемот Австралија опен. Надал го објасни откажувањето од турнирот во Бризбејн.

– По долг период без учество во турнирите, почувствував болка во мојата нога. Испитувањата покажаа мало истегнување на левиот бутен мускул. Јас се обидов и сакав да играм, но тоа е тоа. Сега се чувствувам добро за разлика од пред четири дена. Очекувам да бидам фит 100 проценти до почетокот на Австралија опен, изјави надал.

Вториот светски рекет поради повреда не го комплетира полуфиналето на УС опен против Хуан Мартин дел Потро минатата година. Имаше операција на глуждот и паузираше на крајот од сезоната.

Првиот Грен слем во новата сезона ќе се игра од 14-27 јануари во Мелбурн.