Фантастичниот Џејмс Харден го предводеше Хјустон до голема победа на гостувањето кај актуелниот НБА шампион Голден Стејт. „Брадата“ натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скока и 15 асистенции.

Конечниот резултат 135:134 за Хјустон беше поставен по дополнителни пет минути и со тројка на Харден во последната секунда.

На другите два натпревара одиграни ноќта меѓу четврток и петок постигнати с еовие резултати:
Сан Антонио – Торонто 125:107
Сакраменто – Денвер 113:117.