Девојката која ни се смее од билбордите, а исто така досега многупати освоила бројни титули за убавина, меѓу кои и Мис на Македонија, Надица Димковска од Скопје,  беше учесничка во „Се или нешто“ на телевизија Сител, за што деновиве  пишуваше Вистина.мк.

Атрактивната Надица со својата височина направи Лила да се пошегува на своја сметка во однос на височината, па кажа камерите да не ги снимаат истовремено, за да не биде толку упадлива разликата.

Крајот беше најинтересен, кога Лила ја натера Надица да застанат една до друга, за гледачите и публиката убаво да видат колаква е разликата во височина меѓу нив.

Токму тој момент, Лила го објави на својот Инстаграм профил, а со кусото видео покрена лавина од коменатри од своите следбеници и обожаватели. Повеќето беа пофалби, но имаше и критики како за манекенката, така и за Лила. Посебно на еден од нив познатата водителка не додража без да возврати на „ударот“.

„Лила, види што е нога, а не твојата“- гласи коментарот на кој таа без влакна на јазикот имаше да го каже ова:

„Јас гледам, ти глеј си жена ти“, не остана рамнодушна иако и овој пат нашата најпозната ТВ водителка покажа и докажа дека знае да се пошегува на своја сметка, па дрти и кога е засенета од ваква сторјна и доста помлада убавица.