Ќерката на градоначалникот на општина Лозово Аце Велковски од СДСМ е среќната добитничка на шпорет кој беше главна премија на наградната игра која ја организира општината.

Овој, навидум небитен шпорет, и оваа наградна игра е уште еден пример за тоа дека политиката меша прсти насекаде, дури и во споредни работи какви што се општински наградни игри со премија шпорет.

Таткото градоначалник организира наградна игра, а премијата ја добива неговата ќерка. Во политичката игра се вклучува и ќерката, која пак ќе обезбеди политички поени за таткото градоначалник, зашто шпоретот ќе го донирала за некое семејство на кое тој му е потребен.