Денес во „То вима“ е објавен мошне индикативен коментар каде се истакнува дека „доста беше со сенките од минатото околу македонското“.

Што се случило пред 10, 15 или 20 години не е важно. Очигледно е дека Грција пропушти историска шанса да постигне национална предност за комплексното прашање, наведува весникот.

„Власта и опозицијата мора да им стават јасно до знаење на грчките луѓе дека Скопје не е закана за нашата земја. Напротив, заеднички прифатлив договор кој ќе обезбеди безбедност и стабилност на Балканот. Единствена сериозна закана за Грција, како што се гледа секој ден, доаѓа од Турција. Така, имаме многу причини да ја затвориме отворената рана на нашите северни граници. Една мала земја која сака да биде членка на НАТО и на ЕУ, која бара соработка, не е и не може да биде закана за нашата земја. Затоа, оставете ги настрана стравовите и грижите од минатото, и дајте да гледаме со поголема јасност во иднина“, се истакнува во едоторијалот.

Во меѓувреме како отворено остана да виси прашањето – зошто вчера Коѕијас го впери прстот кон Димитров?

Кога македонското МНР објави соопштение дека сега не е време да се мисли на роковите, туку е поважно да се постигне договор за името прифатлив и за двете страни, веднаш, наводно испровоциран од новинарско прашање, се огласи владин претставник на Атина.

Тој владин претставник рече: „Имаме добар договор на маса, што, како што рече премиерот на ПЈРМ, треба набргу да се затвори. За жал некои инсистираат да играат игри“.

Дипломатски извори велат дека владиниот претставник бил шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, кој по заедничкиот состанокот во Њујорк со посредникот Метју Нимиц и Никола Димитров, на македонскиот колега постојано преку медиумите му испраќа провоцирачки пораки.

Неименувани извори велат дека не Димитров, туку Козијас си игра игри со договорот. Поточно постојано се обидува да избоксира нови барања, па од тие причини е ракцијата на македонската страна да бара дополнителни консултации.

Како и да е, во моментов нема најава дека ќе се случи викендов средбата Ципрас-Заев.