Дали припаѓате на група луѓе кои ги сакаат тестови за интелигенција? Впрочем, кој не би сакал да дознае дека е премногу интелигентен. За да дознаете, доволно е да одговорите на две многу конкретни прашања – барем така велат од „Бритиш журнал оф психолоџи“.

Интелигенцијата може да се подели на неколку групи:

Многу висока интелигенција (IQ е над 150)

Висока интелигенција (IQ 130 до 150)

Натпросечна интелигенција (IQ од 110 до 130)

Нормално развиена интелигенција (IQ 90-110)

Потпросечна интелигенција (IQ од 70 до 90)

Ниска интелигенција (IQ 50 до 70)

Многу ниска интелигенција (IQ помалку од 50)

Но, изненадување, овде не с работи за научни прашања, туку за одговори кои се однесуваат на нашата личност.

Прашање бр. 1: Дали е за тебе депримирачки да живееш во место каде што си опкружен со многу луѓе?

Одговор А: Да

Одговор Б: Не

Прашање бр. 2: Дали чезнееш што почесто да се дружиш со твоите пријатели, бидејќи повременото гледање не ти е доволно?

Одговор А: Да

Одговор Б: Не

Ако одговори на првото прашање со Б? Честитки! Според научниците, по правило, интелигентните луѓе немаат проблем да живеат во градовите со голем број жители.

А второто прашање? Во овој случај, „интелигентниот” одговор би бил НЕ. Имено, интелигентните луѓе често имаат помалку пријатели од просекот – со задоволство го поминуваат времето сами. Луѓето со коефициент на интелигенција под 80 обично сакаат да бидат опкружени со други луѓе. Оние со коефициент на интелигенција повисок од 116 – сакаат да бидат осамени.