Расте бројот на хоспитализирани во Ковид центарот во Битола. Денеска бројот на хоспитализирани лица на инфективното одделение во Битола е 28, пренесува Република.

Според информациите од клиничката болница најмладиот хоспитализиран пациент е на 20 годишна возраст, потоа има пациент на 24 години, како и во сите возрасни групи, а најстариот е на возраст од 81 година.

Само вчера во амбулантата на инфективното одделение имало 80 прегледи.