Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова води со 3,2 отсто повеќе гласачи наспроти кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Според анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, најголем број на испитаници се изјасниле дека на претстојните претседателски и парламентарни избори, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и за Гордана Силјановска Давкова.

На прашање, како што пренесе Фокус, „за која политичка партија или коалиција би гласале на парламентарните избори на 8 мај?“ одговорите се следниве:

– За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 20%, за СДСМ 12,2%, за ДУИ 5,9%, а за Коалицијата „ВРЕДИ“ 6,9% од испитаниците, додека поддршка за Левица дале 2,8%.

На прашање „за кој од претседателските кандидати би гласале на претседателските избори на 24 април?“ одговориле:

– За Гордана Силјановска Давкова се изјасниле 18,2%, додека за Стево Пендатовски поддршка дале 15% од испитаниците. Арбен Таравари собрал 7,3% доверба, а за Бујар Османи се изјасниле 4,9%. Максим Димитриевски добил 2,6% доберба, а Билјана Ванковска 2,2%.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1.085 испитаници избрани според случаен метод.

Извор: Фокус