Пратеникот од СДСМ Миле Талески, барем според прикажаното во неговиот имотен лист, е најсиромашниот функционер во владејачката партија.

Според имотниот лист на Талески тој е сопственик само на едно старо возило, без никаков друг имот.

Од официјалниот документ на Антикорупциската комисија се гледа дека Талески како имот пријавил дека поседува само возило марка голф 5 кое чини околу 2.800 евра.

Талески, кој живее во Прилеп, нема пријавено куќа, стан, некаков друг личен имот или на сопругата, децата, блиските роднини или банкарски сметки.

Најсиромавиот пратеник Талески годишно заработува околу 13.000 евра, без сумата што ја добива за превоз од Прилеп, а тоа значи дека за 5 години мандат во Собранието тој заработил најмалку 65.000 евра и пак останал најсиромав.