Водата во Дојранското езеро го достогна највисокото скалило на загаденост и се наоѓа во класа 5, покажале истражувањата на екологистите. Микробиолошките анализи покажале дека тоа е последица од лошото менаџирање на слатките води кои што се слеваат во езерото. Решение, според екологистите, е изградба на нова пречистителна станица, бидејќи старата е дотрајана и не го постига потребниот ефект.

Водата класифицирана во класа 5, значи дека е таа силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка.

Градоначалнаикот на општината Дојран, Анго Ангов уверува дека редовно ги следат загадувачите и преземаат мерки. И според него, трајно решение е нова пречистителна станица, но за неа самите немаат доволно пари, објави „Канал 5“.

Сегашната прочистителната станица со наназад работи само со еден блок, потврди и градоначалникот.

-70милиони лани беа префрлени на нашата сметка за заштита на Езерото, бараме нови средства за санирање на колекторскито систем, вели Ангов.

За состојбата во која се наоѓа Дојранското езеро, алармираа и од Левица. Од таму предупредуваат дека во езерото има високи концентрации на отпадни материи и посочуваат дека тоа е причината што кај многу туристи, особено деца, се јавуваат симптоми на повраќање, дијареа, вртоглавица, флеки или црвенило на кожата.