За некого можеби е бизарно, за некого, пак, просто – израз на црн хумор… Но, Американката Кристи Хамби беше воодушевена од мрачната хорор-моминска вечер што нејзините другарки и ја приредиле.

Очигледно некои девојки не ги сакаат вообичаените стриптиз момци, алкохол и танцување, па другарките и организирале погреб за нејзината слобода.

Кристи сакала оригинална забава, па тоа и го добила: црни фустани, црн вел, „крвави” коктели, батлери со хорор маски и секако – наместо лимузина, погребален автомобил.