Ѓорѓе Балашевиќ многу песни и посветил на својата сопруга Оливера и на нивните деца, а оваа година ја објави емотивната песна „Мати”, која ја посвети на својата мајка.

Во 1998 година, Балашевиќ имаше тежок период кога ќерка му Јелена доживеа ужасна несреќа. Таа едвај преживеа, а лекарите беа убедени дека ќе биде постојано неподвижна. Балашевиќ неколку пати зборуваше за овој настан, а за своите емоции проговори и во песната „Наопачка бајка”.

Сепак, има еден член на семејството Балашевиќ, за кој познатиот пејач никогаш не зборува јавно. Тоа е неговата пет години постара сестра Јасна, за која беше исклучително приврзан. Јасна Балашевиќ почина пред неколку години, а пејачот тешко ја преболува.

За Јасна Балашевиќ малку се знае, бидејќи Ѓоле никогаш не бил подготвен да зборува за својата сестра. Од текстовите од почетокот на неговата кариера може да се заклучи дека била мажена и дека родила ќерка.