Една неодамнешна студија на научници од Универзитетот Салфорд покажа дека мача чај (вид на зелен чај во прав) не е само корисен за губење на тежината, туку и за третман на разни форми на рак.

Лабораториските тестови покажаа дека  чајот мача може да ги задржи клетките на ракот во мирна состојба, спречувајќи го снабдувањето со енергија.

Научниците проучувале како екстрактот на мача правот влијае на матични клетки на ракот на дојка – кои можат да се трансформираат во која било туморска клетка, да се поделат и обноват.

Тимот ги испитуваше ефектите на мача чајот користејќи метаболни фенотипови, научен процес кој испитува како соединенијата директно влијаат врз клетките.

Врз основа на ова, тие откриле дека екстракт од мача чајот го потиснува метаболизмот на митохондриите, за кои се смета дека се центар на силата на секоја клетка.

Професорот Мајкл Лисанти, кој ја предводеше студијата, откри дека екстрактот ги пренасочува клетките на ракот во „мирна состојба на метаболизам”.

Со други зборови, меча го спречува снабдувањето на клетките со енергија, што ги прави неактивни и тие умираат.

Во резултатите објавени во научното списание „Ејџинг“, истражувачите анализирале како мача ги напаѓа клетките на ракот, надевајќи се дека ќе се дознае повеќе за потенцијалите при битката со тумори.

Тие пронашле докази дека правот има “големо влијание” на патеката на сигналот mTOR и игра важна улога во регулирањето на клеточната поделба и раст, а со тоа и на клетките на ракот.

Екстрактите од оваа билка, исто така, ја ослободуваат рибозомската компонента – која ги синтетизира повеќето протеини кои им се потребни на клетките за нивниот опстанок.

Истражувачите се надеваат дека во иднина, мача ќе се користи на ист начин како рапамицин – лек кој го спречува нормалниот раст на клетките во Т-клетките.