Ново истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.
Со други зборови, тоа е апсолутно полезна „функција“ за сивата маса во мозокот. Тоа е добра вест, особено за оние кои постојано забораваат каде си ги оставиле клучевите од куќата, на пример.
– Важно е тоа што мозокот заборава на непотребните подробности и се фокусира на нешта кои ќе ни помогнат за подобри решенија во иднина и при важни случаи, објаснува еден од научниците што го спровеле испитувањето, проф. Блејк Ричардс.
Статијата донекаде покажува и како работи мозокот – едно од најмистериозните прашања кои ја мачат науката.
– Откривме многу докази дека има механизми со посебна функција за заборавање информации. Тие механизми се разликуваат од оние кои се користат за помнење, додава проф. Пол Френкланд.