Бранителот на трофејот во НБА-лигата, екипата на Голден стејт ноќеска го победи Торонто со 109:104 во вториот натпревар од финалната серија на НБА плејофот и изедначи на 1-1.

Најзаслужни за триумфот на гостите беа Клеј Томпсон со 25 и Стеф Кари со 23 поени.

Во Торонто најефикасен беше Кавај Ленард со 34 поени.

Третиот натпревар во серијата прв до четири победи ќе се игра на 6 јуни на теренот на Голден стејт