Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера, предводејќи го синоќа тимот на Јута до триумф на домашен терен над Денвер со 127:120.

Богдановиќ уфрли 48 поени, реализирајќи притоа осум тројки од 11 обиди, а додаде и осум скокови и две асистенции.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Филаделфија – Њу Орлеанс 109 :107

Чикаго – Бостон 121 : 99

Шарлот – Орландо 122:112

Мајами – Минесота 121 :112

Милвоки – Хјустон 141 :133

Далас – Кливленд 110:90

Јута – Денвер 127:120

Феникс – Њујорк 128 :105

Портланд – ЛА Лејкерс 106 :101

Сакраменто – Сан Антонио 104:113.