Филаделфија 76 ги победија Лос Анџелес Клиперс со 122-113 и тоа е нивна петта победа на домашен паркет оваа сезона, додека сите четири порази на тој тим се на гостински терен. Џоел Ембид постигна 41 поен со 13 скокови.

Прв пораз од почетокот на сезоната имаа Милвоки. Бостон ги победи со 117-113 предводени од Ирвинг кој натпреварот го заврши со 28 поени. Јанис Антетокоунмпо за поразената екипа уфрли 33 поени со 11 скокови.

Денвер го надигра Кливленд 110-91 предводени од Хуан Ернангомез со 23 поени.

Резултати од НБА:
Филаделфија – Лос Анџелес Клиперс 122:113

Кливленд – Денвер 91:110

Шарлот – Оклахома Сити 107:111

Атланта – Сакраменто 115:146

Бостон – Милвоки 117:113

Портланд – Њу Орлеанс 132:119.