Кошаркарите на Бостон не успеаја да ја забележат шестата последователна победа во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен загубија од Далас со 92-95.

Гостинскиот тим до 42.триумф во регуларниот дел од сезоната го предводеше Словенецот Лука Дончиќ, кој уфрли 28 поени, додавајќи по осум скокови и асистенции.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу неделата и понеделник:

Бруклин – Њујорк 110:107

Детроит – ЛА Клиперс 102:106

Бостон – Далас 92:95

Орландо – Филаделфија 114:116

Атланта – Индијана 131:128

Њу Орлеанс – Хјустон 130:105

Оклахома – Мемфис 118:125