Кошаркарите на Бруклин го претрпеа седмиот пораз во низа во НБА лигата, откако синоќа загубија на гостувањето во Солт Лејк сити од Јута со 125-102.

Домаќините до победата со 27 поени зад своето име ги предводеше Донован Мичел, кој се врати на паркетот од пауза од осум натпревари поради повреда.

Победа на домашен терен забележа и Далас, кој предводен од Лука Дончиќ, триумфираше над Филаделфија со 107-98. Словенецот го заврши натпреварот со трипл-дабл ефект од 33 поени, 15 асистенции и 13 скокови.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Шарлот – Кливленд 101-102

Детроит – Бостон 93-102

Индијана – Чикаго 115-122

Торонто – Атланта 125-114

Сан Антонио – Хјустон 131-106

Денвер – Њу Орлеанс 105-113

Јута – Бруклин 125-102

Далас – Филаделфија 107-98

Портланд – Оклахома 93-96