Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук на натпреварот против Индијана (133:132 по продолжение) го комплетираше 181. трипл-дабл во кариерата.
Така, Вестбрук се израмни со легендарниот Оскар Робертсон, кој го држи рекордот во оваа статистичка категорија во историјата на НБА-лигата поставен 1974 година.
Вестбрук направи трипл-дабл, со 10. асистенција на 1:40 пред крајот на третата четвртина од средбата. Тој средбата ја заврши со 33 поени, 19 скока и 15 асистенции за 44 минути поминати на теренот.
Ѕвездата на Вестбрук има добри шанси да го надмине рекордот на Робертсон во тековната регуларна сезона, бидејќи на Вашингтон му преостануваат уште четири натпревари до крајот.
Просекот на Расел оваа сезона е 21,8 поени, 11,4 скока и 11,4 асистенции по натпревар.