Двајца пратеници со коронавирус се дојдени денеска во Собранието за да гласаат. На едната пратеничка вчера ѝ завршила изолацијата. Покрај нив, ќе присуствува и пратеник кој бил со скршеница, соопшти денеска на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.
Тој рече дека присуството на пратениците кои се болни од ковид-19 е според сите протоколи. Тие нема да бидат присутни во салата со сите пратеници туку со посебен лифт и по ходниците ќе бидат спроведени во кабини од каде ќе гласаат и потоа по истиот протокол ќе си заминат.