Речиси половината деца во Авганистан не одат на училиште поради воените конфликти, сиромаштија, детски бракови и дискриминација на девојчињата, соопштија меѓународни организации.

Бројот на децата кои се вон училишните клупи е зголемен за првпат по 2002 година.

– Околу 3,7 милиони деца на возраст меѓу седум и 17 години или 44 отсто од децата, се вон училиштата. Од нив, 2,7 милиони се девојчиња, изјави министерот за образовение Мирваис Балхи, претставувајќи извештај на УНИЦЕФ, Ју-Ес-Ди и независната Самјуел Хол.

Во најпогодените провинции до 85 отсто од женските деца не одат на училиште, посочуваат меѓународните органзаиции. Околу 300 илјади деца кои сега се запишани во училиште ризикуваат да отпаднат од образовниот систем пред крајот на учебниот циклус.