На 12 мај завршува мандатот на досегашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, и автоматски доколку не се исполни цензусот, ќе стане за мене нелегитимно избраниот Талат Џафери, истакна Владимир Неловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија „Отворено“ со Искра Коровешовска
Според него бојкотот на претседателските избори им оди во полза на Зоран Заев и „оваа хунта која моментално владее во Република Македонија“.
Што се однесува до претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Нелоски истакна:
„Гордана Силјановска Давкова е сосема спротивното од Зоран Заев. Зошто? Затоа што таа има конзистентност во своите ставови, има принципи, се води по владеењето на правото и едно од најважните нешта во нејзиниот живот е Уставот на Република Македонија. Ова се сосема спротивни ставови од Зоран Заев, тој најверојатно бара свој кандидат кој што нема да му значи ништо Уставот, кој што ќе излегува на телевизија во вторник ќе зборува едно, во среда ќе зборува друга, а веќе во сабота ќе прави трето.“
Целата емисија погледајте ја следниот линк: