Заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули, пред околу еден час преку Фејсбук не извести дека денеска бил во Европскиот центар за животна средина во Бон, а исто така пред еден час аерозагадувањето во Скопје е речиси осум пати поголемо од дозволеното.

Макрадули не извести дека имал состаноци во Бон „за имплементирање на Планот за почист воздух“, но во Скопје и во Македонија воздухот вечерва е многукратно позагаден од дозволеното. За утеха еве што сторил денеска Макрадули за нашиот почист воздух:

– Во рамки на студиската посета на Европскиот центар за животна средина и здравје во Бон, на денешните средби со претставниците на Светската здравствена организација, Марко Мартуци – шеф на канцеларијата на WHO ECEH, Дорота Јаросинска – програмски менаџер, Матијас Браубах и Владимир Кендеровски, беше констатирано дека нема други скратени патишта освен доследна имплементација на Планот за чист воздух. Покрај тоа, по дадената јасна поддршка, на состанокот беа договорени и точно прецизирани идните чекори за понатамошната соработка, а сè во насока на започнување на поврзување на податоците од аерозагадувањето и климатските промени, односно утврдување на начинот на користење на истите дефинирање на политики во борбата за постигнување на целите од Парискиот договор и SDG, напипша Макрадули на Фејзбук.

Во продолжение погледнете за почист ајро што денеска сработи Макрадули, а подолу и што ни сработи аерозагадувањето не само на Скопје туку пошироко.