Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на сет на снимањето на турски сериски фикм кој се снима во Скопје.

-Деновиве го посетив сетот на турскиот сериски филм „Балканска приспивна песна“ во продукција на ТРТ, којшто се снима во Скопје. Со филмската екипа разговаравме за впечатоците од нивниот досегашен ангажман, напиша претседателот Пендаровски.

Темата на филмот e забранета љубов.

Станува збор за љубовна приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.