ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата Вреди го доби во шестата изборна единица, покажуваат неофицијалните резултати од денешното прегласување.

Состојбата со пратениците во ДУИ во петатта изборна единица нема да има промени.

Денеска, имаше прегласување на шест изборни места во петатта изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица.

Државната изборна комисија ќе има прес-конференција на која ќе извести за официјалните информации од денешното прегласување во 5-та и 6-тата изборна единица.