Еден од најсреиозните кандидати за македонски амбасадор во САД е Љубомир Фрчковски, објави ТВ 24, повикувајќи се на свои високи владини извори.

Според процедурата, потенцијалниот кандидат за амбасадор треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од Министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот на државата.

Но, ниту МНР има одговор на прашањето во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, ниту Фрчкоски има коментар на оваа тема, објави телевизијата.

Повеќе години Македонија нема амбасадори во многу држави во светот. Освен во САД, немаме амбасадори ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско-бугарскиот спор немаме амбасадор ниту во Софија.