Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, објави порталот Медијал.мк од извори во коалицијата.

На синоќешната средба меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, Спасовски бил избран за консензуален кандидат за претседателските избори.

Спасовски е роден во Куманово, а во неговата биографијата има дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година, а од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работел како секретар во општина Куманово.

Како други имиња кои се спомнуваа во јавноста, како можни кандидати на СДСМ и ДУИ беа Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски, но и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

СДСМ на 3 март има партиски конгрес, на кој ќе се открие кандидатот кој ќе биде поддржан и од ДУИ.