Курир дојде до информации дека во Гостивар пред Основното училиште Гоце Делчев каде што во моментов тече гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори има импровизиран штаб на една од најголемите владејачки партии на Албанците во Македонија во кои има нејзини членови.

Станува збор за гаража на која и од фотографиите се гледа дека има луѓе членови на политичка партија (позната на редакцијата на Курир) кои дали евидентираат или вршат притисок на нивните гласачи засега е непознато.

Слична е и ситуацијата во Сарај каде во моментов пред училиштата има припадници на истата оваа партија (позната на редакцијата на Курир) кои вршат притисок за кого да се гласа.

Нашиот извор потврдува дека истиот принцип се применува и во селото Рашче.

Курир утрово дојде до информации за проблеми на неколку избирачки места низ Куманово откако во 7 часот започна гласањето од првиот круг на претседателските избори 2024 година.

Станува збор за избирачко место 1100 каде не е почнато гласањето поради неработење на УБИГ апаратот.

Исто така на избирачкото место 1090 не е почнато гласањето поради немање на печат.

На гласачкото место 1075 не е почнато навреме гласањето поради тоа што службени лица доставиле нов УБИГ апарат кој исто така не работел, па направен е и записник. Известен е и ОИК кој дал усна наредба да започне гласањето, а потоа ОИК наредил да се прекине гласањето, по што во овој момент се чека насоки од ДИК.

На избирачко место 1135 нема печат, а добиени се усни насоки од ОИК да продолжат со гласање и по затворање на изборниот ден да се стави печат. На ова избирачко место спорно е и примопредавањето на материјалите и печатот затоа што еден член од една политичка партија не се потпишал, а потпишани се тројца Албанци на приемот на материјалите.

Извор: Курир