Свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина утрово затрупа 47 луѓе и принуди евакуација на уште 200.

Во потрагата се вклучени над 200 спасувачи со десетици парчиња опрема.

Во моментов не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето во планинската кинеска провинција. Регионот е погоден и од студен бран, а температурите се спуштаат дури и под нулата.

Лизгање на земјиштето често се случува во планинскиот југозапад на Кина, особено по врнежите.

фото: МИА архива