Руските сили не се откажуваат од обидите да го опколат градот Авдејевка, додека украинските сили цврсто ја држат одбраната и нанесуваат значителни загуби на Русите, се наведува во денешното соопштение од Генералштабот на украинската армија.

Во соопштението се истакнува дека украинската армија одбила 17 руски напади.

Украинскиот Генералштаб тврди дека се одбиени и руските напади кај Бахмут, Марјинка и Запорожје.

фото: ЕПА