Маж починал на лице место откако бил удрен од автомобил во Струмица.

„Синоќа во 00:02 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Д.Ј. од село Секирник удрило во 59-годишниот В.В. од село Дабиле. Од здобиените повреди пешакот починал на самото место.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица“, информира МВР.