Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одлуката на Вашингтон за повлекување на американските сили од Сирија нема да влијае на политиката на Израел.

– Израел ќе продолжи да дејствува против иранските обиди воено да се воспостави во Сирија и ако е потребно ќе ги зголеми своите акции таму, рече Нетанјаху, додавајќи дека соработката со САД ќе продолжи во целосен обем.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече своите американски војници од Сирија ги изненади американските сојузници.

Трамп соопошти дека американските сили во Сирија ја завршиле нивната мисија – уништувањето на ИД и затоа повеќе не се потребни на теренот.

Одлуката на Трамп наиде на критики од страна на дел од американските сојузници, но и од сопартијци на Трамп, кои оценија дека ИД не е уништена и се уште претставува сериозна закана за мирот и безбедноста.