Џек Даниел – творецот на прочуеното виски (Френк Синатра барал во гробот да му стават неколку шишиња), е роден на фарма крај Линчберг. Нема точен датум за неговото раѓање, се знае само дека станува збор за средината на 19 век и месец септември.

Бил висок 158 сантиметри. Како човек бил прилично темпераментен. Тој испробал неколку рецепти за да го добие перфектното виски и тоа што сакал да го добие му успеало дури по седмиот обид.

Оттука и бројот седум на етикетите од пијалокот.

Тој е првиот човек кој пред властите на САД ја регистрирал својата дестилерија. Тоа се случило во 1866 година и е само потврда колку бил понапрд од конкуренцијата.

Тој е автор и на изгледот на шишето кое се ползува и денес.

Првата медаља виското ја добива на свестката изложба во Сент Луис во 1904 година. Потоа добива и ушпте шест награди, по што Џек престанува да оди на изложби и натпревари.

Даниел бил обожуван од роднините и пријателите. Наутро, дестилеријата прв ја отворал неговиот роднина Лем Мотлоу. Еден ден Даниел отишол порано и сакал сам да ја отвори вратата. Често ја заборавал комбинацијата за отворање и кога не успеал, се изнервирал, и ја удрил со ногата повредувајќи еден прст.

Не посветил вниамние на повредата по што развил гангрена која довела до негова смрт на 9 октомври 1911 година.