Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот.
Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, пренесува „Т-портал“.
Според медиумските извештаи, невремето предизвикало и проблеми во снабдувањето со електрична енергија во населбата Врбик.
Портокалов метеоаларм е издаден и за регионите на Сплит и Дубровник, но поради исклучително високите температури, пренесува порталот „Нет.хр“.




