Устите им се полни со „слобода и независност на новинарството“, како и списоците со имиња на „независни новинари“, кои до пладне се професионалци, од пладне се советници на премиерот, а приквечер и во некој одбор за доделување награди..

Еден од новинарите кои истовремено ги вршат трите функции, како што објави Курир, е и Љубиша Станковиќ, новинар во провладина национална телевизија, советник во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, а во остатокот од слободното време и член на одбор за доделување општествена награда.

Новинарот Станковиќ сега е и на листата именувани членови на Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Листата на членови на Одборот била новосоставена на предлог на СДСМ и на градоначалникот Петре Шилегов, а била изгласана без опозицијата.

Станковиќ, како што објави Курир, го советувал премиерот од април ланската година додека беше новинар во национална телевизија, каде можеби и ќе останел доколку советничката афера не предизвикаше толкаво внимание.

Новинарот и советник на Заев, претходно работел во дневниот Утрински весник, бил активен синдикалист во пропаднатата МПМ и организатор на штрајкови, а како што сведочат некои негови колеги, времето кога беше во мода СЈО, често на работа доаѓал со маица со ликовите на „светите три“ – Катица, Ленче и Фатиме.