Ник Џељошај, претседателот на општина Тузи, најмладата локална самоуправа во Црна Гора во која пред десетина дена имаше протести околу почитувањерѕо на епидемилошките мерки, како фарса и примитивизам ја оцени изјавата на премиерот Здравко Кривокапиќ дека нема да ја признае независноста на Косово и притоа повика на смена на актуелната црногорска Влада.

-Сведоци сме дека премиерот за кратко време ги менува своите ставови, и дека е дегутантно било што и да се коментира, изјави Џeљошај за ТВЦГ.

„Се на се’ ова стана една голема лакрдија. Тука е потребна поголема сериозност, да се соберат структурите што ја поддржаа, што е можно поскоро да се промени овој примитивизам што го снајде ова општество и да се сменат и да се најде решение што е можно побрзо, бидејќи никој не може да биде полош од ова што сега го имаме.. . “, кажа Џељошај.

Тој додаде дека Црна Гора е членка на НАТО и, како што рече, „со таков примитивизам на чело, мислам дека не се испраќа добра порака ни до партнерите, ни до никого“.