На вечерашната вонредна прес конференција, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе неколку прашања во врска со денешното рочиште од Рекет на кое беа емитувани снимки од средба на Зоран Милески Кичеец со Вице Заев и од одењето на Катица Јанева во вилата на Зоран Заев на Водно.

Според него, а како што налага член 18 од Законот кој го регулира следењето со ПИ-мерки, секое снимање мора да биде проследено и со тонски запис. Тој тонски запис денека не беше емитуван, па оттука Николоски запраша:

-Дали така им било наредено на службениците, па тие не снимале или тонскиот разговор од средбата на осомничениот во Рекет и Вице Заев намерно не се пушта за да не може јавноста да дознае што разговарале?, запраша Николоски и додаде:

-Се поставува прашањето, за што зборувале на овие средби? Која е содржината на тие средби и секако како е возможно да се среќаваат доколку претходно немаат комуникација и не се познаваат. На средбата бил и фамилијарниот адвокат на Заев, истакна Николовски.

Тој обара обвинителството да ги објави и тонските записи од овие истражни мерки.

-Согласно член 18 од Законот за следење на комуникации каде се предвидува тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор, значи лица кои што се следат на отворен простор на средби кои што ги имаат, покрај тоа што се покриваат физички, со камери и со видео, се покриваат и тонски. Исто така од приказот на посебните истражни мерки не се добива впечаток дека истражителите само го фотографирале и направиле видео од средбата, туку јасно е дека има и тонско снимање, рече Николовски и праша дали мерките со план не се спроведени со цел да се скрие нивната содржина.

Истото според него се однесува и на средбата на Јанева со Заев во вилата на премиерот на Водно.

„Јанева е следена како оди кон Водно. Таму има две адреси. Едната на вилата на претседателот на државата. Бидејќи тоа е во август, а Пендаровски во вилата се вселил во октомври 2019, јасно е дека Јанева можела да отиде само во вилата во која претстојувал Заев. Што разговарале?“, запраша Николоски.

Според него, денешното рочиште покажа дека тројцата обвинети во Рекет, Боки, Јанева и Кичеец, се само извршители во аферата, а врвот на аферата оди кон семејството Заеви. Емитувањето на снимките без тон, истакнува Николоски, упатува дека Обвинителството се обидува тоа да го забошоти. Ова е врв на овој скандал кој што, како што рече, само покажува дека тројцата обвинети во „Рекет“ се само врвот на ледениот брег, дека она што го зборувааат со месеци е дека ова е добро планирана акција планира од самиот врв на СДСМ и на власта, во којашто се рекетирани повеќе од еден бизнисмен, и во којашто се изрекетирани далеку повеќе пари од ова што е сега познато.

На крајта Николоски заврши:

„Денеска добивме потврда од судот, за жал обвинителството направи обид да ги скрие односно заштити семејството Заеви. Тоа мора да престане и затоа мора да има одговорност.
Уште еднаш повикуваме, содржината на разговорите помеѓу Вице Заев и еден од осомничените да бидат објавени, како и да биде објавена целосната снимка, каде што се гледа дека Катица Јанева се среќава со Зоран Заев.
Очекуваме одговори од семејството Заеви за што разговарале со овие луѓе, како се познавале, која е природата на нивната комуникација и познанство, и дали ова ќе го потврди она што целата македонска јавност го знае дека само овие луѓе биле извршители, а само наредбодавци биле лично врвот на СДСМ и семејството Заеви.“