-Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата, би рекол свиркачи од разни институции кои што доставуваат информации до нас, дека највисокото раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и комуникациски надзор, изкави денеска Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е една недемократска и незаконска мерка која што се применува за следење на политичкиот противник. Ние сме спремни на еден таков наш начин на опсервација и работа и дури и на тој начин ќе победиме на следните парламентарни избори затоа што демократијата во Македонија не може ништо да ја стопира. Но сакам да ги предупредам оние кои што го прават тоа да не ги слушаат наредбите на своите претпоставени и на своите партиски шефови, затоа што за тоа ќе понесат сериозна кривична одговорност. Сознанијата се дека сме следени и ние и нашите семејства и физички и телефонски. Има два начина како тоа може да е направено, првиот е тоа да се прави преку двете безбедносни агенции во Македонија и заради тоа ќе алармираме до двете надлежни собраниски комисии за следење на работата на овие агенции, штом се формира следниот парламентарен состав да извршат надзор на овие две тела. Но она на што многу повеќе се сомневаме е дека се работи за параполициски структури кои се раководени од политички, а не од безбедносен центар и дека се работи за следење од страна на параполициски структури што е целосно нелегално, заклучи тој.